Фудбалерите на Македонија У-19 ја победија Црна Гора во Скопје

Македонската селекција У-19 попладнево во Скопје во пријателски натпревар ја победи соодветната селекција на Црна Гора со резултат од 2:0 (0:0). Стрелци на головите за Македонија У-19 беа Грегори Давков и Бехар Фета. Според информациите од Техничкиот секретар Никола Зердески беше прикажан допадлив фудбал со изедначени сили во првото плувреме и поголема надмоќност на нашите млади играчи во вториот дел кои резултираа и со постигнување на два гола. Селекторот на нашата селекција Златко Гроздановски на денешниот натпревар можеше да рачуна и на двајцата млади штипски надежи Љупче Кудев и на Ване Крстевски. Во четврток исто така во Скопје ќе се одржи уште еден пријателски меч помеѓу овие две селекции.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk