Извршен увид во работата на реконструкција на канализацијата и водоводот на ул.„ Панче Караѓозов“

Продолжуваат градежните активности преземани од страна на Општина Штип. Денеска се изврши увид  во активностите и капиталните инвестиции преземани во населба „Автокоманда“ во Штип. На ул.„Панче Караѓозов“ се работи на реконструкција на фекалната  канализација како и дел од водоводот на оваа улица.

„Во овој момент се врши реконструкција на фекалната канализација на ул.„Панче Караѓозов“ спој со ул.„Сутјеска“до спој со улица „Широк дол“ со вкупна вредност од околку 360 илјади денари. Реконструкција на дел од водоводот на ул. „Панче Караѓозов“ со вкупна вредност некаде околу милион и 900 илјади денари.“ – истакна Николов.

По завршувањето на овие капитални инвестиции, во план е нова градежна офанзива. Штип во наредниот период ќе биде во една силна градежна офанзива, за да штипјани живеат во град кои ги исполнува сите европски стандарди.

Лаура Стојанова М-Нет