Нема привремен пат за возилата, додека трае реконструкција на обиколницата во Штип

Градежните актвности продолжуваат да се реализираат и во време на пандемија. Нема отпуштање на работници од градежните компании, и тоа е задоволително истакна на денешната посета во Кочани, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

„Градежништвото несомнено и во текот на пандемија, цела година нема отпуштања на вработени. Тоа е добар сигнал дека оваа држава навистина капиталните инвестиции ги движи добро, тоа е силен сигнал и знак дека ние работиме на градежништвото и во најтешкото време за државата, градежништвото останало без отпуштање од работа“ – истакна Бочварски.

Министерот за транспорт и врски упати апел до градежните компании да ги зголемат нивните капацитети со цел нивната работа да биде завршена на време. И додека од една страна градежништвото оди за степен нагоре, проблемите на штипјани за преносаочувањето на возилата по улиците низ градот под Исарот, стојат во место. Нема решение ниту простор за привремен земјен пат, туку останува првичните информации дека возилата  че бидат пренасочувани токму низ Штип.

Во межувреме се информираат граѓаните дека на магистрален пат, делница А4 Штип – Радовиш на стационажа км 1+833 се одвиваат градежни активности, сообраќајот се одвива по девијации и е регулиран со привремена сигнализација односно семафори.

Лаура Стојанова М-Нет