
На 17.03.2021, полициски службеници од Полициската станица Штип го привеле П.Н.(60) од Скопје затоа што во 20.00 часот на магистралниот пат Штип-Велес, кај населбата Три Чешми, штипско, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени задачи. По комплетирање на случајот против П.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.