Колку штипјани може да си дозволат да носат КН95 заштитни маски?

Бројот на заразени од ковид 19 расте, препораките остануваат исти. За да се заштиме од невидливиот непријател задолжително е носење на заштитна маска, одржување на соодветна дистанца, и користење на средства за дезинфекција. Но, колку условите и средствата на граѓаните дозволуваат соодветно да бидеме заштитени. Еве, на пример ако ги земем заштитните маски и исплатливоста на граѓаните да дојдат до нив. Во почетокот на пандемијата како заштита на лице може да се користат и платнени маски кои служеа за повеќе употреби или шал или марама. Но, денеска со ширењето на новиот британски сој на корона вирусот, во неколку наврати се препорачуваа КН95 заштитни. Една ваква маска чини 45 денари, со што за едно четири члено семејство за еден ден се потребни 180 денари. На месечно ниво за обезбедување на ваков тип на маски за едно четири члено семејство се потребни нешто над пет ипол илјади денари. За дел од штипјани е не исплатливо да си ги дозволат овие маски, но дел од нив сметаат дека можат да си дозволат.

Градоначалникот на Штип Николов пак, во изјава вели дека се уште не е задолжително да се носат КН95 заштитни маски.

Од британскиот сој на корона вирус се покажува дека се заболуваат и голем број на млади лица што не беше случзј  со првичниот Ковид 19 вирус.

Лаура Стојанова М-Нет