
Две ноќи по ред во нашата држава има полициски час, прв за оваа тековна 2021 година. По предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час, Владата го усвои истиот со што од 10 март од 22 часот започна новиот полициски час во државата. Тој трае секој ден од 22 часот до 5 часот, и тоа ќе биде последователно 12 дена до 22 март. На ограничување на движетето одредено време сме навикнати од минатата година кога имаше неколку полициски часови, па можеби тоа е причината заради која истиот помина мирно и без поголеми прекршувања. Од СВР Штип информираат дека, на 10 март односно првиот полициски час во Источниот дел завршил без прекршувања. Изминатото деноноќие пак 3 лица од Истокот ја прекршиле забраната за движење без посебна причина, и тоа по еден случај од Штип, Кочани и Делчево. Инаку, првиот полициски час на територијата на нашата држава и за прв пат во историјата на Македонија беше воведен на 21 март минатата година, а ограничување на движењето беше од 21 часот до 6 часот секој ден. Воведувањето на полисицки час е со цел спречување на ширење на Ковид 19, и намалување на бројот на новозаразени лица.
Лаура Стојанова М-Нет