Не стивнува бројот на новозаразени од Ковид 19

Бројката на новозаразени лица од Ковид 19, алармантна. Зголемениот број на лица позитивни на корона вирусот повикува на поголемо почитување на мерките и протоколите за заштита од ковид 19, или во спротивно на повидок е нов Коивд бран. Во изминатото деноноќие од направени 3450 тестирање позитивни се 947 лица, од кои 30 во центарот на истокот во град Штип.  Во Кочани позитивни лица на ковид 19 се 17 пацинети, во Берово 6, Делчево 5, Пробиштип, Виница и Пехчево по 2 нови случаи. Зголемувањето на бројот на новозаразени лица доведе и до нов полициски час во државата прв за оваа година. Со тоа се ограничува движењето на граѓаните во државата од 22 часот до 5 часот наредниот ден наутро. Но, бројот на новозаразени не се намалува. Министерстерот за здравство Венко Филипче, истакна дека слободни кревети во ковид болниците сеуште има, а дека се подготвени да им излезат во пресрет на болните пациенти од невидливиот непријател вчера истакна и директорот на Клиничка болница Штип, д-р. Георгијев. Секојдневно се упатуваат апели до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од Ковид 19, да се носи заштина маска, одржување на дистанца и користење на средство за дезинфекција. Инаку, пандемијата со Ковид 19 беше прогласена пред година дена, поточно на 11 март 2020 од страна на Светската здравствена организиација. Почетокот на пандемијата датира од ноември 2019 кога првите случаи се појавија во Вухан во Кина, а потоа и во останатите држави од светот. Не се знаеше, а и сеуште не се знае крајот на паднемијата. Вирусот постојано се менуваше, со што не можеше да се знае ништо конктерно за него. Ако пред една година заштита од корона вирусот беа маските и дистанцата денеска тоа се вакцините. Но и нивната набавка тешко оди. Нашата држава имунизацијата ја врши со 8000 вакцини од производителот „Фајзер“ донација од Република Србија и 3000 руски вакцини „Спутник В“.

Лаура Стојанова М-Нет