Каратистот Емил Павлов во недела во Истанбул ќе се бори за бронзен медал

Исклучително пријатни вести од Истанбул ни испрати Жарко Арсовски кој заедно со Емил Павлов настапуваат како македонски репрезентативци во Премиер лигата. Денес свој мошне успешен настап имаше Емил Павлов кој во категоријата – 60 кг. нанижа три победи, загуби во еден меч и во недела ќе се бори за освојување на бронзен медал. Но, да одиме по ред. Најпрвин Емил Павлов го победи азербејџанецот Аминга Гулијев со 3:0, потоа го победи противникот од Јордан со резултат 3:2, потоа следуваше победа над шпански преставник со 8:3 за да во четвртиот меч загуби од вториот азербејџанец со 5:2. Така Емил Павлов во недела ќе се бори за бронзен медал а за противник ќе има преставник на Казакстан. Ова е извонреден успех на нашиот Емил Павлов кој и после паузата од една година покажува врвна форма и чекори кон освојување на олимписка норма. Вториот штипјанец во редовите на македонската селекција Жарко Арсовски својот прв настап ќе го има утре,сабота во категорија + 84 кг. против Роб Тимарманс од Костарика. Колку за потсетување македонската репрезентација во Истанбул ја предводи селекторот Сашко Арсовски.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk