
Македонската фудбалска репрезентација У – 19 одигра два пријателски натпревари со своите врсници од БиХ. И двата натпревари се одиграа во Меѓугорје и завршија со порази на македонската селекција и тоа со идентичен резултат од 2:1. Првиот натпревар се одигра пред три дена во која нашата селекција прва постигна гол за да домашните израмнат на 1:1 . Домашните играчи во понатамошниот тек од мечот останаа со играч помалку, но и во такви услови постигнаа гол за победа од 2:1. На овој натпревар дебитираше и штипскиот млад талент Љупче Кудев кој штотуку наполни 17 години а веќе запиша игра во селекцијата У -19. Во вториот натпревар избраниците на селекторот Влатко Гроздановски одиграа скоро полoвина час со играч помалку и повторно загубија со резултат од 2:1. И на овој натпревар во составот на нашата селекција со број два настапи нашиот Љупче Кудев со што го потврди својот голем талент и уште отсега ќе атакува на македонските селекции.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk