М нет сторија: Патот на лебот од поле до софра

Основниот продукт за прехранување а доста значаен на македонскиот народ без кој не може да се замисли една софра е лебот во минатото речиси секоја фамилија од каменица имало посеано барем една нива со јачмен, ‘рж, жито и останати житни растенија од кои може да се добие леб потребно било цела година за да се добие брашното, процес кој се состои од сеење чекање на негово растење и созревање жетва која во тој период се одвивала рачно проследено со изворни осоговски жетварски песни, вршење со коњ и носење до најблиската воденица на мелење. Во времето пред да се изгради езерото Калиманци во далечната 1969 година постоеле над 20 воденици денеска сликата е поинаква единствената која постои и ден денес се наоѓа во месноста стара чаршија поточно митревско маало а воденицата ја нарекуваат митревска разговаравме со господин Малиш Митревски еден од браќата сопственици кој ни ја раскажува приказната за нивниот наследен бизнис стар повеќе од 120 години.

Овој занает кој веќе полека но сигурно заминувс во историјата поради современиот живот и развојот на технологијата се помалку има работа за оваа дејност, живееме во време кога имаме готови производи кои ни ги задоволуваат нашите потреби.