
По случајот со тврдиот предмет, т.с. копачот кој е познат за штипјани, а кој големо внимание привлече и кај целата јавност, ситуацијата добива поинакво светло. Поради тогашниот инцидент, Срѓан 3 месеци по ред останува лишен од можноста да го види својот малолетен син. Како што вели тој прво заради самоволие на неговата поранешна сопруга а потоа и заради одлука на Центарот за социјална работа.
„Првенствено, настанот кој што јавно е познат е случен на 23 ноември и мајката самоволно, без да го почитува решението на Центарот за социјална работа Штип, не го дозволува видувањето на мојот малолетен син месец дена, и покрај мои не знам колку приговори поднесени до социјалното. Добив забрана за видување како една од причините е непочитување на решението, а втората е корона кризата.“ – кажа таткото на детето Срѓан.
По решението за забрана за видување на детето поминуваат три месеци. Три месеци како еден татко не го гледа својот малолетен син, три месеци исполнети со мисли за тоа дали е добар и што прави. И откако поминува тој временски период, му се дозволува детето да го гледа секој понеделник и четврток од 11 до 15 часот, без негово одобрение дека наведените денови и временски период му одговараат нему.
„При разговорот со Социјалното, во два наврати јас реков дека во тој период не ми одговара, без разлика дали јас сум вработен или невработен, детето во тој период не ми одговара да го видувам„ – додаде Игњатовиќ.
Одговор за настаната ситуација побаравме и од Центарот за социјална работа Штип. Од таму со одговор дека не сакаат да го коментираат случајот.
Лаура Стојанова М-Нет