Футсал: Крај на надежите за ЕП на Македонија а викендов продолжуваат првенствените возбудувања

Футсал репрезентацијата на Македонија го загуби во Скопје квалификацискиот реванш натпревар со Србија со резултат од 6:1 ( 4:1). Никој не очекуваше ваков дебакл па и разврска на нашата селекција особено по првиот меч кој во петокот во Врање заврши нерешено 1:1. Со еден збор нашите репрезентативци согореа во желбата за успех, премногу беа сигурни по нерешениот исход и затоа следуваше вистинско фијаско. Ова беше натпревар од 4 коло во нашата група во која убедливо прва е селекцијата на БиХ со 9 бодови, но од 3 натпревари, втора е Србија со 5 бодови а Македонија и Романија имаат освоено по 2 бода. Колку за потсетување на ЕП ќе патуваат првопласираните екипи по групи како и 6 второпласирани екипи а со овој пораз Македонија ги загуби сите шанси. По овој квалификациски меч ќе продолжи првенството во Првата Футсал лига на Македонија со одигрување на натпреварите од 15 коло. Екипата на Астибо во ова 15 коло ќе биде домакин во Штип на тимот на Железарец од Скопје а екипата на Мал Ајакс ќе гостува на лидерот на табелата, екипата на Проект Цико во Валандово.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk