
Ковид пандемијата со која живееме веќе година дена, покрај големиот број негативности кои ги внесе во нашето секојдневие го зголеми и бројот на психички растројства, проблеми со менталното здравје, блага депресија, моменти на не расположение, чувство дека сме несреќни.
Светската пандемија не остави на резерва, чекајќи од други авторитети одлуки што и како понатаму со животот. Но суштината на живеењето не застанува овде во пандемијата, односно има и други важни работи на кои треба да посветиме внимание и да дадеме важност.
Препораките од стручната фела е да се прифати реалноста и неизвесноста, да научиме да се носиме со таа неизвесност до кога ќе трае, да ја освестиме ранливоста бидејќи таа не е слабост на личноста туку напротив таа е нејзина јачина. Можноста да почувствуваме емоции на тага анкциозност па дури и бес ни помага да видиме дали можеме самите да се справиме со истите. Помоша од друг не е исклучена во целата оваа ситуација, и токму затоа за време на пандемијата е овозможена бесплатна психолошка линија. Важна е грижата за себе си, но и за другиот.
Лаура Стојанова М-Нет