
Продолжуваат првенствените одбојкарски возбудувања во рамките на супер машката и на женската лига на Македонија. Секретарот на штипските екипи Методи Папаров педантно не информираше за текот на настаните на штипските екипи кои настапуваат во пролетниот дел во т.н. разигрување. Девојките на УГД Студент утре, сабота ќе играат во Штип а противник ќе им биде екипата на Фит Фан Волеј од Скопје. Одбојкарскиот натпревар УГД Студент – Фит Фан Волеј ќе се одигра во спортската сала Јордан Мијалков со почеток во 17.00 часот.

Машката екипа на Штип УГД во ова коло ќе гостува и тоа на тимот на Јанта Волеј во Скопје.
Според најавите од Методи Папаров во овој викенд ќе паузираат младинските лиги на Македонија. Имено се работи за одржување на работен семинар во недела во салата Борис Трајковски во Скопје со излагање на меѓународни одбојкарски експерти. На овој семинар се поканети и ќе присуствуваат и штипските тренери Ване Санев, Благој Тасев, Љупче Зенделов и Кристијан Ристевски.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk