
Утре, сабота продолжуваат фудбалските возбудувања во рамките на Втората Македонска фудбалска лига – Исток. Лидерот на табелата Брегалница својот поход кон прволигашкиот колосек го продолжува со натпревар во Росоман најавувајќи нова победа. Предноста во однос на Тиквеш изнесува 7 бодови а мора да нагласиме дека ова е последно коло од вториот круг по што ќе следи ждрепката за третиот првенствен круг. Во истовреме во Македонска Каменица ќе се сретнат екипите на Каменица Саса и Тиквеш од Кавадарци. Од овој натпревар спортската редакција на Мнет ТВ ќе врши директен пренос со почеток во 14.00 часот.
Еве и комплетните двојки за ова 18 коло:
- Кит Го Пехчево – Кожув
- Плачковица – Осогово
- Каменица Саса – Тиквеш
- Победа – Слога
- Росоман – Брегалница
Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 6 март 2021 г. со почеток во 14.00 часот
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk