Кривична пријава за осуденик во КПД Затвор Штип поради пронајден хероин

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Т.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 24.06.2020, вработени во Казнено-поправниот дом Штип, при извршен преглед кај пријавениот, пронашле хероин, кој пријавениот, како осуденик во казнено-поправниот дом, го набавил и препакувал во помали пакувања заради продажба.