Акциска контрола за брзо возење на автопатот Штип – Миладиновци

На 08.02.2021 во времето од 08.00 до 16.00 часот на автопатот Штип Миладиновци, од страна на полициски службеници од Полицското одделение за безбедност на патниот сообраќај Свети Николе, спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа биле констатирани четири прекршоци од возачи  кои упарвувале возила со брзина поголема од дозволената. На возачите им биле изготвени прекршочни платни налози.