
На 24.03.2020 во 17.00 часот на ул.„Косовска“ во Штип, полициски службеник при преземање на мерки по претходна пријава, бил физички нападнат од А.И.(29) од Штип. При преземање на службени дејствија за приведување на А.И., Е.И.(48) физички ги попречувала полициските службеници. А.И. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Штип. Се работи на документирање на случаите, а против А.И. и Е.И. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.