Жител на Ерџелија повреден кај Кадрифаково

Вчера во 14.00 часот кај надвозникот од локалниот пат с.Ерџелија – с.Кадрифаково, патничко возило „сеат леон“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(23) од с.Ерџелија, излета од патот. Во незгодата возачот се здоби со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.