
На 02.02.2021 во 09.00 во полициската станица Берово, било пријавено дека во временскиот период од 31.01.2021 до 09.00 часот на 02.02.2021, непознат сторител со употреба на сила влегол во црквата „Собор на Св. Апостол Петар и Павле“ во с.Ратево, беровско од каде противправно одзел пари. Увид на местото извршила увидна екипа и се работи на расчистување на случајот.
На 02.02.2021 во 07.20 часот во полициската станица Берово, Р.Б.(26) од с.Ратево, беровско, пријавил дека во временскиот период од 19.00 часот на 01.02.2021 до 07.00 часот на 02.02.2021 од страна на непознат сторител од дворно место пред неговата семејна куќа во с.Ратево, противправно му било одземено патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со беровски регистарски ознаки. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.