
За нешто повеќе од два месеци во нашата држава ќе се спроведе попис, најважната статистичка операција. Според премиерот Заев, со успешното спроведување на пописот ќе ги исправиме и последиците предизвикани од огромната недозволива пауза од 20 години кога последен пат во нашата држава се спроведе попис. Меѓутоа пописот кој треба да се спроведе во април годинава наиде на несогласување, и неодобрување од страна на опозицијата како и од партијата на Левица кои бараат негово одложување барем за една година. Заев посочи дека Освен што е правно недозволив, бојкотот носи само конфузија меѓу граѓаните, сериозна штета за државата и ништо добро, ништо позитивно. Со пописот на жителите, често се прави и попис на домаќинства, стопанства, и бегалци. Гранката на статистиката која се занимава со пописот се нарекува Пописна статистика. Граѓаните на Општина Штип, согласни дека попис треба да се направи, за како што велат тие се знае колку сме и кои сме.
Пописот преставува вкупен процес на прибирање, обработка, оценка, анализа и дисеминација на податоци за населението домаќинствата и становите во една држава. Целта на пописот е да обезбеди целосни, квалитетни, ажурни и меѓународно споредливи статистички податоци за населението, домаќинствата и становите за задоволување на потребите на корисниците во државата и во странство. Првиот современ попис на територијата на Република Македонија се споведе во 1921 година. Во текот на втората светска војна се спороведоа 8 пописи, а од осамостојувањето на Македонија 3 пописи. Последниот попис на спроведен во нашата држава беше во 2002 година.
Лаура Стојанова М-Нет