25 јануари македонската поп ѕвезда Тоше Проески денеска требаше да го прослави својот 40 роденден. Тоше зад себе остави многу хитови и беше на прагот на светската слава. Тоше го сакаше цела Македонија, го обожаваше цел Балкан. Бидејќи, скромноста, добрината и неговата хуманост успеа да допре милиони срца.

Крушево, родното место каде секогаш ќе потсеќа на Тоше. Со иста болка и премногу недостасување, Крушевчани го спомнуваат. Остануваат неговите хумани дела да се продолжуваат и да се почитуваат неговите личност и дело. Бидејќи, како Крушевчани сме должни тоа да го правиме на долг рок. Изјавува Габелоски
„Се трудиме во најмало можно светло да го почитуваме и продолжиме ликот и делото на Тоше. Неговата хуманитарна мисија ја продолжуваме бидејќи, наша е должноста за животот и делото на Тоше да ја раскажуваме на идните генерации“. Изјавува, Габелоски.
Одбележувањето на неговиот 40 роденден, поради глобалната пандемија со Ковид-19 ќе биде со значително помали содржини. Полагање на свежо цвеќе на вечното почивалиште на Тоше. И крводарителска акција. Вели, Габелоски
По 13 години вечното почивалиште на Тоше е уредено. За оваа идејно решение е конслутирано и семејството на Тоше. Сите негови фанови ќе можат да се поклонат пред неговото вечно почивалиште, симбол кој ја изразува неговата љубов. И до ден денес, посетеноста е преголема. Исто така и прекрасна анегота која ни ја објаснува Блажески
„И до ден денес, посетеноста на вечното почивалиште е голема. Фановите на Тоше не го забораваат и доаѓаат ос секаде“. Вели, Блажески.
Пораснавме со неговата музика, Тоше ќе остане нашиот идол. Изјавуваат, дел од граѓаните на Крушево.
Споменот на Тоше живее преку неговите песни и дела. Спомен куќата „Тодор Проески“ е место каде почнувајќи од неговото детство па се до неговата музичка кариера, преку разни експонати кои го отсликуваат неговиот живот.
„Спомен куќата „Тодор Проески“ е место каде има вкупно 350 експонати кои го отсликуваат неговиот живот. За да го заштитиме нашето здравје, внимаваме пред се’ според протоколот за заштита од Ковид-19. И досега сите посетители се придржуваат според дадените мерки. Спомен куќата ќе работи и денес, во чест на 40 роденден на Тоше“. Изјавува, Цветанче Андреска
Тоше вечно ќе се чува од заборав а армијата од негови фанови, вечно ќе го продолжува неговиот пат.
Надица Стојковска/ М Нет
Дарко Лазев/ М Нет