Ивана Наскова македонската јавност долги години ја познава како радио и тв водителка. Денес, писателка со љубовна тематика, на која љубителите на пишаниот збор со восхит ги читаат нејзините романи. Со успешни романи позади себе, изворедните ликови кај читателите ги будат спомените на едно поминато време. Бидејќи, секој љубител може да се пронајде во нејзините страници.
Ја имаше промоцијата на романот „Секогаш те одбирав тебе“. Роман кој беше промовиран он-лајн. Нејзините импресии еве како ги опишува Наскова
„Надвор е ладно, не сакам да го загрозувам здравјето на никој. И пред се’ треба да го почитуваме протоколот за заштита од Ковид-19. Идејата помина во одличен аспект. Ја одржавме он- лајн и сум премногу задоволна, можев да бидам со љубителите на моите книги. Тоа ме радува“ Изјавува, Наскова.
Љубовната тематика, е дел од нејзините романи. Длабоките емоции и приказните во нив. Љубовните радости, болки, страдањата кои се темел на едно созревање. Раскажани од женски агол. Но, зашто Наскова ја одбира љубовната тематика?
„Станува збор за маж и жена, љубовна драма. За љубовта која треба да се негува и да се бори за нејзе. И покрај проблемите од нивните семејства, сепак на самиот крај победува љубовта. И тоа е благодетот во животот“. Изјавува, Наскова.
Пораката која сакам да им ја упатам на читателите на пишаниот збор, преку овој роман е едноставна. Одберете среќа, одберете го она што вие го сакате. Изборот е ваш и тоа што ќе го одберете, нека ве прави среќни и нека ве исполнува вели Наскова. Карактеристиката на „Секогаш те одбирав тебе“ е љубовна драма со главната порака „Таа е слепа, но не ти требаат очи за да ја видиш душата на човек“.

Надица Стојковска/ М Нет
Игор Зиврев/ М Нет