
Со идеи за нова индустриска зона во Општина Штип, со што ќе се задржат инвестициите овде, се одржа првата средба на Градоначалникот на Штип, Николов и претставници од бизнис секторот. Со формирањето на Советодавното тело, се предвидува новата индустриска зона да зафаќа поголема површина и да биде орентирана кон централниот дел на државата.
„Ние треба да изградиме и целта е за одреден период од денеска една индустриска зона која ќе биде за македонските компании кои што директно своите финансии ќе ги вложуваат повторно во општината, преку овозможување капацитет нашите граѓани да се вработуваат, да добиваат соодветна плата, соодветни добри услови за работа, а денешниот состанок беше како општината да излезе во пресрет на тоа“ – исттакна Д-р. Николов.
Големиот број на штипски компании кои инвестираат во други градови тоа го прават затоа што Штип повеќе од 60 година нема изготвено Генерален урбанистички план, повеќе од 20 30 година нема изработено детален урбанистички план. Целта на Советодавното тело е Штип да се отвори кон инвеститорите пред се домашните штипски, за своите инвестиции ги остварат токму во нивниот град, – истакна Николов.
Лаура Стојанова М-Нет