Кочанското поле во пламен, гори два дена по ред

Втор ден по ред гори Кочанското поле. Засилениот ветер е придонес плус кој го разгорува дополнително огнот, и тој безразмерно се шири. Овој период земјоделците ги палат жетвените остатоци, па проблемот со пожарите се протегнува постојано низ годините наназад. Загрижувачки е и фактот што надлежните не можат точно да определат кој го подметнал пожарот, бидејќи од една нива се пали друга и така во недоглед. Но, пламените оган се доближуваат се поблиску до патот, фирмите, а само на десетина метри се од бензинската пумпа, што предизвикува зголемена опасност за куќите и граѓаните во овој дел на градот. Исто така се зголемува и загаденоста на воздухот. Против пожарната единица Кочани е на терен 24 часа.

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, исто така извести на својот фејзбук профил дека заедно со директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петревска и со останати надлежни инспектори имаат координирана акција за утврдување на причинителите на овие страшни пожари, бидејќи како што вели Илијев одговорност мора да има. Револтираност но и огромна страв и загриженост се забележува и кај граѓаните кои постојано постираат на социјалните мрежи видеа од страшната глетка на пламени јазли, и повикуваат да се зголеми одговорноста кај земјоделците, бидејќи огнот не е игра, од запалени жетвени остатоци може да дојде до многу поголеми штети.

M Нет Лаура Стојанова
М Нет Благојчо Костадинов