
По 5 часа, во големата сала на Советот на Општина Штип, изгласан е Буџетот за наредната година. На одржаната 42 седница на Советот на Општина Штип, која се одржа на 30 декември, со присуство на 13 советници, без советниците на опозицијата, кои самоволно ја напуштија седницата пред првата пауза и изгласувањето на дневниот ред, донесен е Буџет во висина од 958 милиони 615 денари, што е зголемен за 4% во споредба од претходната година. На Седницата се расправаше на 17 предлог точки, и уште еден дополнителна која се усвои откако опозицијата ја напушти седницата, а истите се од значење на град Штип. Одлуката за изгласување на Буџетот на Општина Штип се усвои со 13 гласа за и ниту еден против. Со тоа е запазен рокот за донесување на Буџетите, и со овие 958 милиони 615 денари Општина Штип, ќе располага во наредната 2021 година, за извршување на различни проекти и активности кои се за придонес за Општината.
Лаура Стојанова М-Нет