
Фудбалската Федерација на Македонија честитајќи им ги новогодишните и божиќните празници на сите фудбалски екипи објави допис со кој ги информира за текот на настаните во врска со зимскиот преоден рок кој ви го емитуваме во целост :
„Фудбалската Федерација на Македонија ги информира сите клубови дека од 15 јануари, 2021 година започнува зимскиот преоден рок за фудбалери (мажи/жени) и истиот ќе трае до 11 фeвруари, 2021 година.
Ги информираме клубовите своите барања за сертификати за професионални и аматерски фудбалери да ги постават на ФИФА ТМС платформата и испратат информација до оддел за ТМС на ФФМ најкасно до 14 часот на 11 февруари, 2021 година за да има доволно време за обработка на барањата.
За евентуални проблеми и помош во врска целиот процес, можете да се обратите по електронски пат на следните адреси на електронска пошта: [email protected] и [email protected]
Сите барања кои ќе бидат доставени по 23.59 часот на 11 февруари, 2021 година ќе се сметаат за ненавремени и нема да може да се процесуираат“.
Спортската редакција на Mnet TV на сите спортисти, спортски работници, спортски екипи и на сите љубители на спортот во Македонија и насекаде во светот им пожелува „СРЕЌНА НОВА ГОДИНА и СРЕЌНИ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ“.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk