
Да се најде слободно паркинг место во денешно време преставува луксуз. Заради тоа, и секој оставен празен простор, е потполнет со нечии автомобил, чии сопственик „украл“ празно место и го паркирал своето возило. Каде е овде слободното место за пешаците, каде да се движат тие, родителите со мали деца? Проблемот да се реши со пајак возило. Доколку возилото не е паркирано на соодветно обележано паркинг место, истото да се крене со пајак служба. Но, колку општините се обезбедени со вакви возила, и колкава е исправноста на истите. Општина Штип, на пример, има на располагање пајак возило, но, истото не е во функција.
„Општина Штип, поточно ЈП „Стипион“ доби на поклон од град Скопје донација пајак возило, меѓутоа хидроуликата на тоа пајак возило е во неисправна состојба. Очекуваме во наредниот период, во наредниот месец повторно да биде сервисирано, и се надеваме дека од пролет ќе профункционира повторно“ – истакна Протогеров.
До напролет како што ни кажа Протогеров, има уште еве неколку месеци, но оваа служба овде последен пат својата должност ја извршувала во месец мај. Значи речиси цела година, граѓаните едвај поминуваат покрај возилата кој не нашле слободно место па паркирале на тротоар. Исто така, не можат да се подигнат сите возила, секако во зависност од нивната тежина.
„Во зависност на тоа на која далечина го зема возилото, така е и димензионирана и тежината која може да ја подигне пајак возилото. Сите лесни возила тоа пајак возило може да ги подига“- ни кажа Протогеров.
Кога пајак возилото беше во функција во Општина Штип, тој краток временски период, од неговото пристигнување до неговата нефункционалност, возилата кои беа кренати од пајак возилото се носеа во близина на стариот диспанзер во Општина Штип. Денеска, поставената сигнализација со знаци дека поминува пајак служба и ги собира автомобилите во Општина Штип, сеуште се поставени. Но, проблемот се решава единствено со поставување на блокатор, доколку не е наплатена паркинг услугата, ви истекла картицата за паркинг или едноставно возилото ви е паркирано на погрешно место.
Лаура Стојанова М-Нет