Прва година Штип ги надминува дозволените ПМ честичките во воздухот. Загаденоста на високо ниво.

Со пристигнувањето на зимата, пристигнуваат и деновите во кои маглата е секојдневие, а загаденоста на воздухот се почеста појава како во градовите ширум државата, така и во Општина Штип. Загаденоста на воздухот се мери со присуството на ПМ честичките во воздухот.
„Во Штип има монтирано станица за мониторинг на суспендирани цврсти честички во воздухот, или познати како ПМ 10 фракција. Тоа се честички кои што имаат аеродинамички дијаметар помал од 10 миктор метри, значи многу мали димензии и може да навлезат во дишните патишта“ – ни кажа Мираковски.
Штип се карактеризира како град во кој ветерот е најчеста појава. Но, за разлика од претходните години, оваа година започна мирно без ветер така е сега, па и загаденоста е на многу високо ниво, бидејќи мирното време условува да се концентрираат загадувачите.
„За жал ова е прва година во која ги надминуваме, бројот на денови коишто се дозволени, 35 денови годишно е дозволено и имаме надминување“ – истакна Мираковски.
Мерната станица во Општина Штип, се наоѓа на врвот на зградата на општината, каде се мери загадувањето на воздухот во центарот на градот. Различни фактори влијаат врз истото, како домашните ложишта согорувањето на биомаса, и тие концентрации се јавуваат во одредени периоди од денот, малку наутро и изразито во попладневните и вечерни часови. Д-р. Мираковски, со надеж дека Штип ќе се врати на неговите карактеристики и ќе се намали загадувањето, секако и со промена на навиките на живот во урбаните средини во градот.

Лаура Стојанова М-Нет