
Полека,но сигурно мајсторите на малиот фудбал ја привршуваат сезоната во Првата Футсал лига на Македонија. Пандемијата си го направи своето, се игра без публика а она што е најважно и покрај доцнењето на почетокот на првенството, сепак играјќи два пати неделно сепак се успеа да се извлече до крај оваа есенска сезона. Синоќа во Скопје се одигра првиот натпревар во рамките на 11 коло кое воедно ќе биде и последно есенско коло. Екипата на Јувантус Серава беше многу подобра од тимот на Велес и победи со резултат 9:3. На табелата Јувентус се наоѓа во средината на табелата со 18 освоени бодови, додека тимот на Велес засега е седми со 12 бодови. Во недела ќе се одиграат уште 4 натпревари меѓу кои и мечот во Штип Мал Ајакс – Карадаку кој ќе се одигра со почеток во 16.00 ч. во спортската сала Тошо Арсов. Екипата на Астибо ќе ја спушти есенската Футсал завеса со одигрување на последниот натпревар во оваа есенска сезона во понеделник со почеток во 19.00 ч. во салата Тошо Арсов со моменталниот лидер на табелата, тимот на Проект Цико од Валандово.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk