
Денес се одиграа нови 4 натпревари во ова комбинирано 10 коло.или претпоследно есенско коло. Во првиот натпревар завчера тимот на Астибо од Штип загуби од Велес со резултат 6:3 а денес се постигнаа следните резултати:
Проект Цико – Црна Река 8:5
Шкупи – Мал Ајакс 12:1
Карадаку – Арбен Бајрами 2:4
Кратово – Железарец 3:9
Останува уште утре,понеделник да се одигра натпреварот Кеги Моби – Јувентус Серава. Тимот на Проект Цико од Валандово е на првото место на табелата со 28 бодови и во следното 11 и последно есенско коло ќе гостува на екипата на Астибо во Штип. Веднаш зад него на второто место е тимот на Арбен Бајрами со 27 освоени бодови.
Во последното 11 есенско коло ќе се сретнат :
- Црна Река – Шкупи
- Астибо – Проект Цико
- Јувентус С – Велес
- Железарец – Кеги Моби
- Арбен Бајрами – Кратово
- Мал Ајакс – Карадаку
Сеуште не се утврдени термините кога ќе се одиграат овие последни натпревари кои според протоколот ќе се одиграат без присуство на публика.ж
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk