Брегалница од Делчево е есенски првак во Третата фудбалска лига – Исток

Денес се одиграа натпреварите од 11 коло на Третата Македонска фудбалска лига – Исток кое воедно беше и последно есенско коло. На источното дерби во Делчево, домашната Брегалница успеа да ја победи екипата на Малеш од Берово со резултат 2:0. Стрелци на головите за Брегалница беа Влатко Марковски и Мартин Гоцевски и сo оваа победа тимот од Делчево ќе презими како есенски шампион во Третата лига – Исток. Во Свети Николе екипата на Овче Поле го победи тимот на Спартмани од Градско Балдовци со резултат 2:0 а стрелци на двата гола беше Трајче Илиев и се проби на 3 место на табелата.. Во Карбинци „паднаа“ дури 7 голови за нова победа на домашните. Во Радовиш Детонит славеше над тимот на Раклиш и остана на второто место на табелата.Еве ги конечните резултати од ова 11 коло кое воедно е и последно есенско коло:

  1. Карбинци – Василево 4:3
  2. Брегалница – Малеш 2:0
  3. Овче Поле – Спартмани 2:0
  4. Детонит – Раклиш 3:1
  5. Хоризонт – Чешиново 2:0
  6. Тиверија – Работник 6:3

Табела

  1. Брегалница 28
  2. Детонит 26
  3. Овче Поле 24
  4. Малеш 22
  5. Хоризонт 22
  6. Спартмани 16
  7. Чешиново 14
  8. Карбинци 13
  9. Тиверија 10
  10. Раклиш 8
  11. Работник 4
  12. Василево 3

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk