Синоќа се комплетираше 7 коло, а од вечерва ќе стартуваат натпреварите од 8 Футсал коло

Футсал прволигашите на Македонија ја забрзаа оваа сезона играјќи нон стоп два пати неделно. Синоќа се комплетираше седмото коло во кое актуелниот шампион Шкупи на гости го „потопи“ тимот на Велес а во Кавадарци Црна Река беше поуспешна од Кратово. Еве ги комплетните резултати од ова 7 коло:

  1. Велес – Шкупи 2:7
  2. Проект Цико – Кеги Моби 10:4
  3. Црна Река – Кратово 7:3
  4. Астибо – Карадак 2:4
  5. Јувентус – Мал Ајакс 6:2
  6. Железарец – Арбен Бајрами 1:7

На табела прва е екипата на Проект Цико со 18 бодови, втора е екипата на Шкупи со 16 а трет е тимот на Арбен Бајрами со 15 бодови. Штипските екипи Астибо и Мал Ајакс се на дното на табелата со по два освоени бодови. Веќе од вечерва ќе стартуваат натпреварите од 8 коло кое ќе се комплетира во недела.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk