Остануваат само уште 20 дена до празниците за Нова Година и Божиќ. Во сите градови веќе почнува да се чувствува празнична еуфорија. Локалните самоуправи ги местат украсите со кои општините добиваат поинаков лик, а со тоа се предизвикуваат позитивни вибрации и надеж, дека Новата година ќе биде подобра.
Пред објективот на М Нет граѓаните се согласни за украсувањето на градот Штип.
Освен во Штип,украсување ќе има и во Општина Берово. Се заменуваат старите украси и светилки со нови. Па, буџетот ќе изнесува 200.000 денари. Во Општина Кочани оваа година ќе украсува со искористување на старите реквизити низ улиците. Буџетот, наменет за украсување е наменет за хуманитарен гест. Помош на болницата, и доделување на маски.
Граѓаните со надеж дека Новата 2021 година ќе донесе бериќет.
Надица Стојковска/ М Нет
Никола Мијалов/ М Нет