Шехтански: Музичарите немаат црна дамка зад себе, затоа Наумов е идеалниот кандидат за градоначалник на О.Штип, од редовите на ТМРО

Општина Штип како центар во источниот регион, треба да преставува лик и прилика за граѓаните.  Во тек на предизборната кампања, на прес конференција беше презентирана целокупната програма на кандидатот за градоначалник од ТМРО, Лазар Наумов, од страна на претседателот на партијата Ванчо Шехтански. Периодот од 9 месеци кој ќе му биде достапен на идниот градоначалник на градот под Исарот, до одржување на следните редовни избори наесен 2021, е краток, но истиот треба да биде рационално искористен.
„На Штип му фали да останат младите штипјани во родниот град, голема спортска сала, мултифункционална со 7000 гледачи каде би се одржувале меѓународни натпревари.“ – стоеше во изјавата на Ванчо.
Град Штип заедно со периферијата брои некаде околу 60 илјади жители, а нема ниту една катна гаража. Решавањето на проблемот со паркинг просторот е третиот дел од предизборното ветување на ТМРО, истакна Шехтански.
Сите ги сакат музичарите, токму затоа Лазар Наумов, е изборот за предлог за кандидат за градоначалник на Општина Штип, од редовите на ТМРО, истакна Шехтански.

Лаура Стојанова М-Нет