ОК на ВМРО ДПМНЕ – Штип, со повик до власта да се стави крај на деградирачко однесување

Кога цел свет се наоѓа во колапс поради пандемијата со Ковид – 19, во Општина Штип се закажани предвремени избори за градоначалник на 13 декември.  Од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Штип, на прес конференција обвинуваат за деградирачко однесување на раководител на образовна институција кон полициски службеник.
„Функционери на СДСМ, заслепени од власта, повторно дивеат и се однесуваат насилнички во пресрет на локалните ковид избори, кои ги организираат во најголемиот пик на пандемијата, кога цел државен систем е во колапс. Имено, функционерот кој е раководител на образовна функција, на ден 27.11.2020 година, бил лишен од слобода и привиден, бидејќи на улица „Кирил и Методиј“ со возило се обидел да повреди полициски службеник при вршење на службено дејство…“ – беше дел од изјавата на Трајче Здравков.
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Штип, со повик до власта да се стави крај на ваквото однесување и непочитување на државните службеници, бидејќи тоа преставува лош пример за младите.

Лаура Стојанова М-Нет