
Неделата која измина беше наменета за пријавување на болните и изнемоштени лица, да можат да го остварат своето демократско право на глас. Лицата позитивни на Ковид – 19, како и оние во изолација пријавувањето го извршуваа електронски на соодветната емаил адреса на Општинската изборна комисија – Штип. ОИК Штип, според работењето по роковникот на Државната изборна комисија и броењето на пристигнатите барања за гласање на болните и изнемоштени лица како и затворениците, излезе со следново соопштение. Изборниот молк започнува од четврток 10 декември на полноќ. Болните и изнемоштени лица ќе гласаат на 12 декември во сабота.
„Имаме некаде околу 5 избирачки одбори, којшто се распоредени низ Македонија, заради тоа што имаме затвореници во повеќе институции низ Македонија. Тие 5 одбори, што ги формиравме заминуваат кога заминува и КПД – Штип, на 12 декември, ден сабота, гласа и тој тип на граѓани на Општина Штип. Ги покривме сите граѓани, кој каде и да се наоѓа“ – истакна претседателот на ОИК – Штип, Сенка Андреева.
На 11 декември во петок, први своето демократско право на глас ќе го остварат лицата позитивни на Ковид – 19 и тие во самоизолација, но доколку претходно се имаат електронски пријавено. На 13 декември во недела ќе гласаат останатите граѓани на Општина Штип, непрекинато во периодот од 7 до 19часот. Избирачките места ќе бидат обезбедени со полициски службеници.
Лаура Стојанова М-Нет