Од општинската изборна комисија на Штип излегоа со известување дека започнувајќи од денеска па до петти декември на полноќ е периодот наречен недела за болни и немоќни кои треба да се пријават за остварување на своето право на глас.
Од денеска започнуваме со прибирање на апликации на лицата кои се чувствуваат болни и немоќни или таканаречената недела за болните и изнемоштените но и оние кои се ковид позитивни и во самоизолација треба да се пријават најдоцна до петти декември до полнок.
Овие предвремени локални избори во градот под исарот ќе се одвиваат во три дена и тоа ден предвиден за ковид позитивните и оние кои се во самоизолација, болните и стари ( немоќни) лица како и затворениците кои се наоѓаат во некој од казнено поправните домови и 13 декември за сите жители на Штип кои го остваруваат правото на глас.