Од вчера започна официјално кампањата за предвремените избори за градоначалници во Општина Штип и Пласница. Петмина кандидати влегоа во изборната трка во Општина Штип, а предизборната кампања ќе се одвива целосно различно од претходните, без масовни собирања и митинзи со цел спречување на ширење на корона пандемијата.

Вистинската грижа за граѓаните на Општина Штип, беше видена и додека Д-р Сашко Николов беше кардиолог, исто се очекува и како иден градоначалник на градот под Исарот. Изјави Љупчо Николов генерален секретар на СДСМ
Мисијата „Нашиот дом да го направиме во еден модерен, европски, еколошки, безбеден град со еднакви можности за сите“ започна пред 3 години, а денеска пред јавноста беше презентирана од страна на Д-р. Николов.

Предвремените избори за градоначаник во Општина Штип, се закажани за 13 декември, а кампањата ќе трае до 10ти декември.