Штипјанецот „Анте“ во фудбалски поход на Малта

Нема крај на штипските спортски, или поточно на фудбалските возбудувања. Последното ни доаѓа од медитеранската Малта од фудбалскиот тренер Антонио Доневски или популарно наречен во Штип – Анте.

До неодамна, Анте беше Координатор на Пионерско – Младинската школа а Директор на Брегалница беше Елмир Мандак. Анте заедно со Мандак ги минаа сите школи во Брегалница под водство на нивниот тренер Драги Ефтимов а покрај нив беа Ивица Крставски, Никола Тонев, Душко Андонов и уште многу други.

Анте се оддаде на учењето и во Софија ја заврши Фудбалската Академија и продолжи в тренерските води. Желбата за осознавање и докажување успешно го заврши со стекнување на УЕФА „ Б “ и „ А “ лиценца и сега е тренер на младинската екипа на ФК Сиренс од Малта. Прволигашот Сиренс штотуку започна со првенството, веќе се одиграно 6 кола и рано е да се прогнозира, иако амбициите се да го одржат прволигашкиот статус, иако мора да споменеме дека годинава играа во првото коло на Лига на Европа.

Засега Анте е задоволен од приемот и односот кон него на Малта и спортската редакција на Мнет ТВ му посакува успешна тренерска кариера, па еден ден да го видиме и на „кормилото“ на некоја сениорска екипа.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk