Со започнување на предизборната кампања за предвремените избори за градоначалник во Општина Штип, започнаа и ветувањата од страна на кандидатите за нов татко на градот. Предизборната кампања ќе се спроведува преку флаери, телевизија и социјалните мрежи, со цел да нема помасовни собири и ширење на Ковид пандемијата. Свое излагање денеска имаше независниот кандидат Трајче Митев, кој ѓи собра потребните потписи и влезе во трката за градоначалник на Општина Штип.
„Врвен приоритет ќе има мојата кампања, поради тоа што локалната самоуправа е нефункционална, мора да се формират два комплементарни тима, од кои ќе произлезе целеата работа. Првата работа ќе биде внатрешно, бидејќи имаме нефункционалана локална самоуправа, треба луѓето да се организираат, а таа организација ќе биде со распределба на вработените. Вториот тим ќе работи на приоритетите на граѓаните.“- стоеше во изјавата на Митев.
Предизборната кампања започна вчера и ќе трае до 10 декември до полноќ. Потоа следува изборен молк, кој за прв пат ќе трае 3 дена, со тоа што на 11декември ќе гласаат лицата позитивни на Ковид- 19 и оние воизолација, на 12 болните и изнемоштени лица и затворениците, а на 13 декември сите останати граѓани на Општина Штип.