
Според препораките на Бирото за развој во образованието и Државниот просветен инспекторат кои беа објавени пред еден месец, учениците до петок треба да ги добијат првите сумарни оценки. Бирото за развој во образованието и Државниот просветен инспекторат исто така имаа објавено упатства за наставниците за начинот на следење и оценување на учениците во време на пандемија. Начинот на којшто се оценуваат онлајн учениците, секој наставник си го креира сопствено. Со изготвување на квизови, онлајн тестови кои учениците ги решаваат, нема простор за потешкотии при сумирањето и формирање на први оценки, – ни кажа Дејан Постолов, директор на СОУ „Коле Нехтенин“. Оценките на учениците ќе и бидат соопштени онлајн од професорите, додека на родителите на онлајн родителски средби, кои се очекуваат да започнат од наредната недела.
Лаура Стојанова М-Нет