“Граѓаните во прв план” беше темата на денешниот прес на СДСМ Штип

И во време на пандемија се работи на подобрување на условите за живот на граѓаните на Општина Штип. На денешниот прес на Социјал демократскиот сојуз се зборуваше за постигнатите успеси и инфраструктура преку рехалибитирање на тротоари, улици и пешачки зони во централното градско подрачје во градот под Исарот.
„Извршено е рехабилитација на дел од улицата „Вита Поп Јорданова“, со поставување на нов асфалтен слој , целосно е уреден крстосницата помеѓу улицата „Вита Поп Јорданова“ и „Борко Левата“. Се работи на уредување на делот околу Здравствениот дом „Панче Караѓозов“, пешачката патека, и дотраениот асфалт…“ – беше дел од изјавата.
Локалната власт предводена од СДСМ уште еднаш покажува што значи да се работи во интерес на граѓаните и за граѓаните – соопшти Мандак.

Лаура Стојанова М-нет