Поинаков тек на изборите годинава поради пандемијата со Ковид – 19

Веќе се знае конечната единствена листа за кандидати за градоначалници на предвремените локални избори во Општина Штип и Пласница. Текот на престојните  избори е поразличен од досегашните избори, бидејќи се одржуваат во време на пандемија. Овојпат преизборниот молк ќе трае три дена започнувајќи од 10 декември, четврокот на полноќ. Лицата коишто се позитивни од ковид – 19 или се во самоизолација свои лични докуметиации ќе поднесуваат електронски на веб меил, и истите ќе се препраќаат на медицинскиот персонал кои ќе го врши гласањето. На 11 декември петок ќе гласаат позитивните од ковид – 19 и лицата во изолација, на 12 декември старите и изнемоштени лица како и затворениците, и на 13 декември сите останати граѓани.

Лаура Стојанова М-Нет