Граѓаните од Македонска Каменица со добра оценка за работата на локалната власт

Граѓаните на Македонска Каменица задоволни од работата на актуелната градоначалничка Соња Стаменкова која деновиве подготвува отчет за сработеното. Дел од анкетираните на тема колку сработила локалната власт за тригодишниот мандат, велат дека од општината добро си ја работат работата и притоа изразија задоволство што М.Каменица е модерна рудничка населба која добро напредува.
Нешто направија и добро се гради, сега за сега. Каменица како гратче е убаво чисто место, како рудничка населба досега е убаво, вели повозрасен жител на градот.

-Добри се, се работи, нивната работа си ја гледаат вели жителка на М.Каменица.

-Добра е градоначалничката, домаќинка е. Досега е добро ништо не фали, додаде друга жителка од градот.

Имајки го предвид неодамнешното излевање јаловина во коритото на Каменичка Река, дел од анкетираните сметаат дека повеќе внимание во иднина треба да се посвети на екологијата.

-Повеќе внимание во иднина да се обрати на екологија и чистотата. Во поглед на инфраструктура и патишта истотака, има доста патишта што им треба и реконструкција да се поправаат, додава граѓанин на М.Каменица.

Стаменкова како што самата изјаваи е фокусирана на изготвувањето на својот отчет, но информираше дека тоа не ја спречува општината да работи на неколку проекти кои треба да бидат реализирани до крајот на месец ноември.

-Во моментот како општина го изменивме планот за месец ноември и подготвуваме повеќе јавни набавки во вредност од 48 милиони денари, кои ќе бидат спроведени до крајот на месецот. Се работи за нова атмосферска канализација, една делница од градскиот водовод која што е стара и не е реконструирана, се работи за нова улица Миле Јаневски Џингар детско игралиште и други активности за кои граѓаните благовремено ќе бидат известени, рече Стаменкова.

За Стаменкова најголем успех за оваа година општината постигнала со реализација на проектот за реконструкција на уличното осветлувањето во градот по ЕСКО моделот.

-Се работи за модел кој предвидува плаќање по заштеда и реконструкција на осветлувањето во селските средини, односно комплетирање на целиот проект со дел од средства од општината. Со проектото имаме огормни заштеди, ако кажеме дека дневно имаме заштеда од 14.500 денари, граѓаните ќе знаат за каков проект се работи, додаде Стаменкова.

Таа додаде дека во меѓувреме продолжуваат активностите на полето на инфраструктурата. Истакна дека во тек се активности за иградба на една улица во должина од 600 метри, поврзување на селата Косевица и Луковца со асфалтен пат и еден проект кој е идејно решение на младите од М.Каменица, по чие решение е изготвен основен проект и веќе се работи на изградба на паркот Младост.