Почитување на мерките е апелот од свештениците за престојната задушница

Денес попладне, започнува Митровденската задушница, која секоја година се одржува петок попладне и сабота наутро пред христијанскиот празник Митровден, кој е на 8ми Ноември. Годинава, задушницата за помен на починатите се одржува во време на пандемија, каде што одењето и собирањето не се претпорачуваат. Со носење заштитна маска, дистанца од најмалку 2 метри, и без масовност на грашаните е денешниот апел на свештеникот Методи Мирчевски за посета на вечните почивалишта на нивните најблиски.
Оваа не е првата задушница која се одржува за време на корона кризата. Претходната задушница Духовден која требаше да биде на 6ти јуни, се одржа со строги правила, без дозвола за масовно посетување на гробиштата, собирање и раздавање. Во Црквата има два вида на задушници: засебни и општи. Засебните се одржуваат од семејствата, за своите упокоени роднини, а општите ги назначува Црквата, грижејќи се за сите свои упокоени членови. Секоја сабота, Црквата во своите молитви се обраќа кон сите светии, сеќавајќи се на сите претходно упокоени отци и мајки, браќа и сестри наши.

Лаура Стојанова М-Нет