Како последица на дефектот на турбината во филтер станицата кој се случи пред некој ден кога и тогаш немаше вода и при повторното пуштање доаѓа до големи хидро улички удари во системот но и староста на самата водоводна инфраструктура во раните утрински часови дошло до уште еден дефект сега станува за главната водоводна мрежа Ф 500- тини која што го напојува нискиот дел од градот така да без вода во домовите останаа неколку населби од Штип.
Од населба осми ноември до ново село, сењак четири, индустриската зона, пребек, бабите, три чешми. Денес интензивно работиме на отклонување на дефектот и се надеваме дека во најкус можен рок ќе биде отстранет така да во раните вечерни часови најверојатно ќе дојде до постепено стабилизирање на водоснабдувањето во градот Штип
Од раководството на водовод и канализација при Јавното Претпријатие Исар кажаа дека редовно се зема мостри од водата се носат во центарот за јавно здравје но и на Институтот за јавно здравје во Скопје каде се вршат испитувањата за квалитетот а корисните можат слободно да ја користат за своја лична употреба.