Во организација на ППФМ за прв пат се одржа Јуниорската лига У – 18 со настап на 15 младински екипи

Спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје беше во центарот на пинг – понгарските возбудувања во Македонија. За прв во организација на Пинг-понгарска Федерација на Македонија се организираше Јуниорско првенство У – 18 поделено на региони и во 4 групи.

Во мошне силна конкуренција на 15 екипи и околу 70 млади натпреварувачи, екипата на Шампион ФА од Штип чии играчи се на 10,13 и 16 годишна возраст го освои третото место во својата група. Радува податокот што членот на Шампион ФА, 13 годишниот кадетски репрезентативец Лука Стојчев имаше 6 борби и извојува исто толку победи .

Солиден настап на ова првенство имаа уште и Иван Богатинов а вистинска атракција беше најмладиот 10 годишниот Благој Богатинов на кого ова му беше прв настап на едно првенство.

Според информациите од тренерот а воедно и македонски селектор Сашко Богатинов, Шампион ФА продолжува со макотрпната работата и креирањето на идната пинг-понгарска школа која успешно би ја продолжила традицијата на одличниот штипски пинг – понг. И целиот овој тренажен процес се одвива со строго почитување на мерките за заштита од оваа пандемија.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk