Мнет ТВ и ФФМ продолжуваат со директните преноси, во сабота во живо од Штип Брегалница – Росоман

Популаризацијата на фудбалот на добриот стар Исток продолжува со несмален интензитет. Благодарејќи на одличната соработка на Мнет ТВ и ФФМ започнавме со рализација на директни преноци во живо од натпреварите во Втората Македонска фудбалска лига. Воведните директни преноси од пријателските средби Брегалница – Македонија ЃП и Кит Го Пехчево – Вардар беа тест и предигра кои беа успешно положени, за да продолжиме и во првенствениот континуитет. Следуваше пренос во живо од натпреварот Каменица Саса – Слога Виница и куп натпреварот Брегалница – Беласица. Веќе утре, сабота ќе го реализираме директниот пренос од натпреварот на „градски“ во Штип помеѓу Брегалница и Росоман. Тимот на Брегалница како да немаше амбиции за куп натпреварите, односно се е фрлено на една карта конечно да го фати и да го истрасира прволигашкиот пат. Полека, но сигурно се навлегува во 100 годишниот јубилеј од формирањето на клубот и нема поголема награда за играчите, за навивачите и за целиот град Брегалница повторно да се врати во прволигашкото јато. За ова, условите се обезбедени, инфраструктурата е подигната на повиско ниво, со полн капацитет се работи со подмладокот во пионерско – младинските школи во кои фигурирураат проверени и лиценцирани стручни кадри и најважно од се започнаа и градежните работи околу изградбата на новата трибина која според предвидувањата треба да биде готова токму догодина за јубилејот. Што се однесува за утрешниот натпревар веќе се делегирани официјалните лица, главен судија ќе биде Никола Иванов, прв помошник Петар Новачев, втор помошник Роберт Црвенов а четврти судија ќе биде Игор Иванов сите од Велес. За Контролор е делегиран Сафет Адеми од Скопје а Делегат ќе биде Раде Гроздановски од Демир Хисар. Натпреварот Брегалница – Росоман ќе можете директно да го проследите на програмата на Мнет ТВ со почеток во 14.30 ч.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk