Пронајдени двајца мигранти кај „8-ми километар“ во Штип

На 12.10.2020 во 08.10 часот на магистралниот пат Штип – Радовиш, кај место викано „8-ми километар“, полициски службеници од Полициската станица Штип ги забележале и запреле А.Р.(20) и А.А.(22), странски државјани – мигранти од Пакистан. Преземени се мерки и лицата се предадени на Гранична полиција за понатамошна постапка.